Му се слоши на таткото на Боки 13, прекинато е судењето

Судењето за „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски, прекинато е по половина час откако започна.

Како што дознаваме, причина за прекинот е влошената здравствена состојба на таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Во судницата веднаш пристигна екипа од брзата помош, а засега не се знае дали судењето денеска ќе продолжи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.