Му влегле дома и го тепале

тепачка

На 10 септември 2016 година околу 16 часот во куќата сопственост на М.А. во село Велебрдо, пријавените Т.Г. и Д.Г., откако претходно со употреба на физичка сила провалиле во куќата, кршејќи ја влезната врата, влегле внатре по што и физички го нападнале М.А., удираќи го со тупаници, клоци и дрвен предмет по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Од преземените мерки било утврдено дека како причина за девијантното однесување било тоа што истиот ден М.А. физички го нападнал нивниот дедо П.Ѓ. (79). М.А. кривичните дела ги извршил на 10 септември 2016 година околу 15 часот во просториите на црквата „Свети Ѓорѓија“ во село Велебрдо, кој монтирал шанк во трпезаријата на црквата. Тој прво почнал вербална расправија со оштетениот, а потоа и физички го нападнал, кој откако паднал на земја го удрил и со остар предмет, од што оштетениот се здобил со телесна повреда во пределот на главата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.