Муамед Сејдини реизбран за претседател на ФФМ со мандат до 2025 година

Nа Изборното собрание во неделата во скопскиот хотел „Александар Палас“, Муамед Сејдини едногласно беше изгласан за претседател на ФФМ од делегатите кои беа присутни, вкупно 52 со што и официјално ќе ја води Федерацијата до 2025 година.

„На секое минато Собрание на ФФМ велевме „Нашата федерација е заслужна за подобрување на условите во македонскиот фудбал, но кога се во прашање резултатите на Националниот тим ситуацијата е кокмплексна бидејќи сите очи се вперени во федерацијата. Тогаш резултатите не ни беа во прилог и најлесно беше прстот да се впери кон наса. Сега сме на Европско првенство, федерацијата и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти во историјата, но и иова за некое не е успех во нивните очи. За мене, за УО на федерацијата, а верувам и за вас, ова се моменти на гордост и ислава. Македонскиот фудбал после две децении конечно нѐ сплоти и израдува.  За неколку месеци за прв пат во нашата историја македонската A репрезентација ќе настапи на Европско првенство и навистина сме среќни што ќе бидеме меѓу најдобрите во Европа“, вели Сејдини.

„Велат за да успеете потребни ви се пријатели, а за да успеете уште повеќе потребни ви се непријатели. Им благодарам на сите оние кои ни даваа поддршка во изминатите две години. Нека ми простат тие што мислат дека за мојот двегодишен мандат не направивме доволно. За мене е најважно да не препознаваат по делата, а не по зборовите. Тоа го знаат фудбалските работници, клубовите и фудбалерите во Охрид, Чаир, Кавадарци, Џепчиште, Прилеп, Битола, Штип и Струмица каде имавме големи инвестиции во инфраструктурата и горди сме на сработенотот. Секогаш ќе помагаме на луѓето на кои искрено ќе им треба поддршка за подобрување на фудбалската инфраструктура“.

„Некои луѓе и институции кои немаат допирна точка со нашата работа се обидоа да фрлат дамка на работењето на федерацијата прогласувајќи не за сива зона која работи надвор од законот. Ние секокгаш сме ги почитувале пропшаните закони на државата, својот статут усогласен со законот и статутите на УЕФА и ФИФА. Тоа е наша обврска и инема да биде поинаку. Отворени сме за идеи и конструктивни предлози, но без политичко влијание. Не бегаме од разговор и ипредлози ококлу нашиот статут и евентуално негово менување. Заедно со УЕФА и ФИФА и државното тело за спорт подготвени сме да седнеме и да разговараме, но без било какви уцени и притисоци кои ќе му наштетат на нашиот клупски и репрезентативен фудбал. Среќни сме што постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал. Тој е нашиот правец и во иднина“, изјави Сејдини пред да почне гласањето.

Дел од општинските сојузи го бојкотираа собранието, беа присутни вкупно 52 делагати од 96. Немаше претставници на ОФС Тетово, ОФС Кочани, ОФС Струмица.