2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Муцунски: Автокефалноста на МПЦ ни носи духовна радост и душевен мир

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, испрати честитки по повод упатувањето на томосот за автокефалност на Македонската  Православна Црква – Охридска Аерхиепископија од страна на светиот синод на Српската Православна Црква.

„Искрено посакуваме и веруваме дека наскоро ќе следи официјалното прогласување на автокефалноста на нашата вековна Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Овие значајни одлуки и благопријатни вести ни носат голема радост, духовен мир и надеж за поубава и посветла иднина на сите нас во татковината, на сите Македонци ширум светот и на целиот христијански православен свет“ – истакна тој.