Муцунски: Бугарија има апсурден став, вели нѐ поддржува за влез во ЕУ, а во реалноста нѐ блокира

Иако ретко сме успешни во национален консезус, еве сега за конкретниот случај со ЕУ има согласност и сите сакаме да има датум за преговори, но како што гледаме тоа се комплицира. Ние како опозициска партија не сме вклучени во целиот процес и говорам врз основа на информации познати на јавноста, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.
Според него Бугарија има доста апсурдна позиција.

-Се работи за една позиција на Бугарија која дипломатски кажано е доста апсурдна, бидејќи вели не поддржува, а во реалност не блокира, рече Муцунски.

Пратеникот вели дека ваквата позиција на Бугарија кога вели има една историска вистина и тоа е нашата, тоа е навредувачки кон Македонија и на некој начин кон Меркел која вели користете го минатото за да гледате кон иднината.

-Во таа смисла доколку дојде до вето би било крајно неодговорен чекор кон Република Македонија примарно бидејќи ќе наштети на нашиот стратешки интерес да станеме земја членка на ЕУ, а ќе има негативни импликации кон регионот, а ќе го намали и кредибилитетот на ЕУ. Така мислам дека германското претседателство сака да ја надмине оваа апсурдна ситуација, рече Муцунски.

Тој укажа дека германската дипломатија ќе има некој обид за изнаоѓање на решение, вели „имам мал степен на надеж, кога слушам и гледам што прави Бугарија“.

-Би очекуавл земја членка да е принципиелна ако ги следи принципите на ЕУ, но наметнување на еден став, потоа и за прашања поврзани со македонскиот јазик не е во рамки на сет на принципи на ЕУ каде Бугарија е член, а Македонија сака да биде член, вели Муцунски.

Нашата позиција ја прави дефицитарна, додава тој, тоа што кај Бугарија има единствено, а кај нас на некој начин отсуствува и општ консензус.

-Ние имаме пракса на асиметрични договори се бара премногу од Македонија, тоа е пракса од Договорот од Преспа, потоа Договорот со Бугарија, посочи Муцунски.