Муцунски: Четири нови градинки и 100.000 м2 нова зелена површина во Аеродром до крајот на мојот мандат

43

Седум приоритети за општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

-Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години. Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките. Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром, вели Муцунски.

Тој додава дека целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.