Муцунски: Младите ја напуштаат Македонија поради тоа што нема квалитет

На денешната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 тв, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски рече дека во Македонија опаѓа квалитетот на живот, факт што ги принудува младите да се иселат од Македонија.

-Младите ја напуштаат Македонија поради фактот што економијата не оди во позитивен правец, прашајте го младиот човек односно вработениот дали чувствува економско подобрување, дали живеат денес поквалитетен живот од оној пред две ипол години. Младите ја напуштаат Македонија поради тоа што нема квалитет на тоа што се нарекува јавни работи. Немаме квалитетно здравство, немаме квалитетен образовен систем, се соочуваме со енормно загадување. И да, младите одлучуваат да живеат подобро надвор од границите на нашата земја.

Тој го запраша својот опонент во дебатата, градоначалникот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ, Петре Шилегов, каде беа министрите, градоначалниците, директорите коишто не се бавеа со ресорите од областа на надворешната политика да направат некои промени во нашето општество?

-Јас ќе Ви кажам, никаде ги немаше. Ништо не е подобро денес од што било пред две ипол години. Би било амнезија ако кажете „Ние се соочувавме со еден предизвик на заробена држава, беше многу тешко да се работи“. Господине Шилегов, дефиниција на заробена држава е кога се носат закони, кога се носат одлуки во интерес на поединци. Граѓаните нека кажат дали е продолжен тој тренд, посочи Муцунски кон јавноста.

Целата вечерашна емисија „Само вистина“ може да ја погледнете во видеото подолу: