Муцунски: Никогаш нема да дозволам било какво ограничување во изразувањето на најмладите

Македонија е убава земја со богата култура и традиција, љубовта и почитта кон неа се учат од најмала возраст. Свесен сум за важноста на поддршката која ние ја даваме во напорите за подигнување на националното чувство кај дечињата затоа што на тој начин тие стануваа млади амбасадори на Македонија, но и луѓето кои во иднина со многу љубов ќе работат, придонесуваат за општината и за државата, истакнува градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Вчера, заедно со претседателот на советот Дејан Митески, Мартин и Стефан од Next Time присуствуваме на завршната приредба организирана од страна на група дечиња од детската градинка „Срничка“. Вистинско задоволство за мене беше се видат и слушнат најмладите од Аеродром како изведуваат песни посветени на нашата татковина, планетата земја, општина и средината во која тие живеат и растат, пишува Муцунски.

„Како прв човек на општината никогаш нема да дозволам било какво ограничување во изразувањето на најмладите и секогаш ќе давам придонес во градењето соодветна средина каде нашите деца ќе можат да растат, учат и напредуваат. Преку иницијативи како ова, и понатаму ќе ги охрабруваме да учат за своите македонски корени, но и за културата и традицијата на Македонија“ – наведе градоначалникот.