Муцунски: Oпштина Аеродром ќе обезбеди средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Oпштина Аеродром ќе обезбеди средства за настраданите од земјотресот во Туркије и Сирија, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

-Во текот на денешниот ден остварив телефонски разговор со амбасадорот на Република Туркије во Македонија, г. Hasan Mehmet Sekizkök. Во телефонскиот разговор изразив жалење и упатив искрено сочувство до турскиот народ за трагичната несреќа која се случи утринава.

Истакнав дека на моја инијатива, а во координација со Претседателот на советот Дејан Митески, во среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Туркије и Сирија.

Уште еднаш упатувам искрено сочувство до турскиот народ и посакувам што поскоро животот во погодените градови да се врати во нормала. Нашите мисли се со нашите пријатели во оваа земја, а ние понатаму остануваме отворени за помош и поддршка,пишува на ФБ Муцунски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.