Муцунски: По четири години застој, време е за нова енергија во Аеродром

По четири години застој, време е за зелен, чист и безбеден Аеродром. Време е за нова енергија, време е сите да се обединиме, бидејќи Аеродром е наш и ни припаѓа на сите нас, вели кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Муцунски објави и дел од проектите со кои ја бара довербата од граѓаните на овие локални избори.

Изградба на четири нови градинки, нова гимназија, реконструкција на сите основни училишта, бесплатен таблет за секое дете, 3.000 нови паркинг места, 100.000 м2 нова зелена површина, спортска субвенција од 600 денари за секое дете, нов мултимедијален центар со кино и театар, се дел од проектите за оваа општина.

Модерна општина, дигитализирана и без сообраќаен метеж е визијата на Муцунски за Аеродром.