Муцунски: Пописот ќе нè втурне во дополнителна политичка дебата, поларизација и раст на национализам

Мора да се реагира на лажната вест дека ВМРО-ДПМНЕ не сака попис. Вистината е дека владата на СДСМ, ДУИ и БЕСА не сака реален попис како статистичка операција. Таков попис ќе не втурне во дополнителна политичка дебата и дополнителна поларизација и ќе гледаме раст на национализам, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

-Јас сакам да верувам дека Македонија стреми да биде граѓанска држава. Јас жалам што сите го гледаме пописот како за остварување на етнички права. Зар не сме сите еднакви. Пописот треба да го гледаме низ призмата на тоа колку училишта треба да се изградат и каква економска политика ќе градиме. И жалам што после овој статистички попис ќе дознаеме колку малку сме останати во границите на Македонија. Овој попис не ги користи алатките кои што ги имаме, дури не ја гледам потребата од двојниот потпис, рече тој.

Пратеникот прашува која е потребата од двоен потпис ако е статистичка операцијата?

-Но, доколку водиме политичка операција се доведуваме до истата ситуација се што правиме во оваа држава да биде исполитизирано. Дајте ве молам за најклучните прашања во земјата да постигнуваме консензус. Не смееме да шириме омраза, треба да дискутираме стручно, квалитетно, како можеме се да направиме подобро, изјави денеска од собраниската говорница Муцунски.