Муцунски порача: Во соработка со граѓаните конечно носиме ДУП за долно Лисиче

Општината Аеродром преку соопштение до јавноста информираат дека преку јавни презентации, дискусии и идеи со локалните жители го донеле деталниот урбанистички план за Долно Лисиче.

Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план, со што ќе можат да си ги остварат своите права за изградби, надградби, доградби и други урбанистички потреби.

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ минатата недела планот го презентираа стручните служби на Општина Аеродром, кои потоа низ конструктивна дискусија можеа да ги слушнат предлозите и забелешките од присутните, од кои најголем дел беа жители на Долно Лисиче.

Предлогот на деталниот урбанистички план со разработка на блоковите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 е поставен на увид во Месната заедница во Долно Лисиче, каде што се наоѓаат и анкетните листови за учество во јавната анкета која ќе трае до 4 март.

„Работиме гласот на секој поединец да биде чуен и токму затоа Општина Аеродром е отворена за соработка со локалните жители“, порача градоначалникот Муцунски.

Тој ги повика сите заинтересирани да извршат увид и да учествуваат во анкетата затоа што забелешките, идеите и предлозите од секој еден граѓанин се од исклучителна важност и ниту еден од нив нема да остане неислушан