10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Муцунски: Потребно е обвинителство, антипод на СЈО кое ќе се бори, а не создава највисока корупција

Последниот случај со актуелностите во СЈО е само дополнителен доказ дека се повеќе од неопходно е да се преземат брзи, ефикасни и сеопфатни реформи во правосудството, за кои сме свесни дека нема да бидат едноставни и брзо применливи, вели во интервјуто дадено за порталот Фактор Тимчо Муцунски, секретарот за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека таквите реформи мора да бидат насочени кон целосна изолација на малиот број поединци од правната професија кои во изминатиот период користејќи го нивниот привилегиран статус во општеството и злоупотребувајќи ги своите службени овластувања го имаат земено во заложништво целиот правосуден систем и држава, паралелно со тоа потиснувајќи ги и ставајќи на страна големиот број професионалци и чесни кадри кои ги имаме на располагање во судовите и обвинителствата ширум Македонија.

„Што се однесува до СЈО, морам да нагласам дека е време посебна анкетна комисија во Собранието конечно да направи сериозна анализа и да одговори на прашањето, зошто се потрошени околу 15 милиони евра од парите на нашите граѓани кои беа определени за беспрекорно функционирање на оваа институција. Особено е значајно детално да се истражува и анализира, какви резултати постигнало СЈО во борбата против високата корупција, дали примањата на обвинителите биле сразмерни со постигнатите резултати и нивната работа, како и широкиот обем на распространет непотизам кој воопшто не се негираше од специјалната обвинителка која раководеше со оваа институција“, одговара Муцунски на едно од прашањата на „Фактор“.

Тој во продолжение од интервјуто повикува на објективна истрага преку која ќе биде можно да се утврди, зошто и како се случила аферата „Рекет“ која, според Муцунски, и нанесува голема штета на надворешниот имиџ на државата.

Целото интервју дадено за порталот Фактор можете да го прочитате ТУКА.