Муцунски предупредува дека и датумот за преговори со ЕУ не значи многу, ако нема вистински реформи

Постои паралелизам и недостаток на координација во нашите институции и тоа придонесува да нема реформи, тој вели датумот за преговори не значи ништо ако се нема капацитет за да се создадат реформи, рече во вторникот Тимчо Муцунски меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањето на „Слободна ТВ“ истакна дека

Муцунски посочи исто така дека во оваа држава треба да се работи на политичката култура, треба да се работи на создавање на еден однос на еднаквост на политичките чинители затоа што сите постигнале некаков напредок во европеизацијата и евроинтеграцијата, тој вели дека токму тоа го прави оваа власт се обидува да ги припише придобивките, а тоа огромна критика за ова власт, затоа што тоа не е така.

Владата пласира една теза меѓу граѓаните дека и двете партии се зло, но тие се помалото, но тоа не е така. Како партија и опозиција максимално го помагавме процесот на интеграција, што беше нотирано во последниот извештај, а од другата страна владата вели дека сме партија којашто се радува на тоа што не добивме датум , треба да се одлучат дали сме проевропски или дали се радуваме, бидејќи кога е во интерес на државата, кога сите заедно ги гласаме законите сме добри, но сега сме лоши, вели Муцунски.

Според Муцунски, еден подолг период Секретаријатот за европски прашања не функционира на соодветно ниво, во моментот на подготовка на потенцијални преговори ние како да создаваме една институција со две глави, имаме политички преговарач и технички преговарач, тој вели нејасно е што работи тимот на техничкиот преговарач, а што тимот на политичкиот преговарач