Муцунски: Резолуцијата треба да биде едногласно прифатена од сите партии, тоа е во интерес на сите граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност

Донесувањето на Резолуцијата која што сметаме дека треба да биде едногласно прифатена од сите претставници на различните политички партии е во прилог на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на Република Македонија, а тоа е во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност, изјави денеска пратеникот Тимчо Муцунски.

Посочи дека пред се, ја имаат во предвид и ја нагласуваат целосната подготвеност на македонските граѓани и целото општество за итен почеток на пристапните преговори со Европската унија засновани врз рамноправна и принципиелна основа.

„Истовремено ги поддржуваме и поттикнуваме напорите на сите политички субјекти и граѓаните на  Македонија за целосно исполнување на критериумите содржани во основните документи на ЕУ и условите поставени од европските институции и во духот на унапредувањето на меѓусебната соработка, почитување и дијалог. Во наведениот контекст секако ги имаме во предвид и постојани и тенденциозни напади, како и изјави и ставови на припадници на разни меѓународни субјекти кои како во минатото така и денес на најнепосреден начин го негираат суверинитетот, идентитетските одбележја, јазикот, историските и културни одбележја на македонскиот народ, но и на припадниците на другите заедници и сите наши граѓани. Токму заради наведените причини сметаме дека Собранието е потребно да излезе со единствен државен став во поглед на сите оние важни државни прашања кои се од искчучителна важност не само за природниот и очекуван развој на нашата држава туки и заради мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион и Европа во целина“, посочи Муцунски.

Пратеникот истакна дека во резолуција силно ја реафирмирале важноста за целосна примена на позитивните и општоприфатени норми содржани во основните и другите документи на ООН за правото на самопределување на народите, како основен принцип на меѓународното право и принципите на еднакви права и можности, како и правото слободно да се избере сопствениот суверенитет и меѓународен политички статус без мешање од другите.

„Со голем пиедитет ги поддржуваме сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста и слободно изразена воља на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет. Се реафирмира важноста за почитување на утврдените факти, научни сознанија, усвоените теории и емпириски истражувања на современата светска славистика, линвистика и историографија. Со нагласува дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет и како такви потребно е континуирано да се почитуваат. Исто така оценуваме и бараме на меѓународната сцена претставниците на државата и пред се дипломатијата задолжително да водат грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој ги носи корените од повеќевековните историски традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, расна и етничкс припадност, лингвистичко единство, етнокултурна посебност, колективен интегритет, религиски идентитет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор. Укажуваме на несозволивоста и неприфатливоста за ексклузивно присвојување на историјата, идентитетот, традициите и било каков облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде и од кого доаѓа. Цениме дека оваа Резолуција треба да биде прифатена со конзензус на сите пратеници, односно претставници на разни политички партии, затоа што тоа е нивни долг кои граѓаните, затоа што содржината е целосно избалансирана, затоа што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на еден важен надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добронамерна и со позитен контекст кој може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзувањето на нашите евроинтеграциски процеси“, нагласи Муцунски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.