Mуцунски: Со Обновата ќе создадеме економија која ќе стимулира претприемничко активирање на младите

Кандидатот за пратеник од Изборната единица 1, доц. д-р Тимчо Муцунски, од Аеродром порача дека за да го активираме економскиот систем предвидени се мерки кои ќе создадат услови за младите да останат тука, потребно е нивно претприемничко активирање.

„Во проектот Обнова превидуваме ниски даноци, елиминација на одредени даночните стапки за млади лица над 30 години, за да стимулираме нивно претприемничко активирање во нашиот економски систем“, рече Муцунски.

Тој порача дека е потребно да се создадат услови младите коишто се тука да останат тука, и оние кои се заминати да се вратат.

Потребно е дерегулација, намалување на административните препреки коишто ги има во економијата, истакна тој.

Муцунски од Аеродром порача дека сега е време да создадеме економија која ќе стимулира потрошувачка, и економија којашто ќе ја движи економијата напред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.