6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Муцунски со скоро 10.000 гласови повеќе од Цанде

Општина Аеродром го доби својот нов градоначалник – Тимчо Муцунски кој што беше кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според најновите податоци на ДИК, на обработени 98,92% од избирачките места, Муцунски е со победа во првиот круг со скоро 10.000 гласови, поточно 9,698 гласови.

Кратко по завршувањето на гласање во општина Аеродром почна да се чувствува победничката атмосфера на ВМРО-ДПМНЕ.