Муцунски во Брисел лобираше за преговорите со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка да формира Влада

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на политичкото Собрание на Европската народна партија (EPP), на средбите што ги имал лобирал, за што впрочем се залага и партијата, односно дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат датум за отпочнување на пристапни приговори, но истовремено било укажано дека треба да се вложат и дополнителни напори за реформи, и тоа најпрво во правосудниот систем, истакнуваат во соопштението на опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат оти во текот на Собранието се разгледувани повеќе значајни прашања поврзани со внатрешната организација на EPP, како и предизивиците на ЕУ и позициите на EPP во врска со истите.

Муцунски во рамките на својата се сретнал со повеќе чинители во Брисел.

Во Европскиот парламент тој имал издвоени средби до Дејвид Мекалистер од ЦДУ (Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Потпретседател на EPP), Пауло Рангел од Португалската ПСД (Европратеник и Потпретседател на EPP), Карло Реслер ОД ХДЗ (Европратеник) како и Патрик Волер од Австриската ОВП(Меѓународен Секретар на EPP).

„На сите средби се афирмираше дека е добро Република Македонија час поскоро да добие датум за отпочнување на пристапни преговори, но и потребата од забрзани реформи во нашето општество кои ќе станат видливи преку строга примена на усвоени реформски закони“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Муцунски ги информираше соговорноците за широката распространетост на корупција која ќе мора од страна на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде системски искоренета“.

Соговорниците нагасиле дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе формира Влада, по следните парламентарни избори, ќе ја има целосната поддршка од сите институции во Брисел да ја стави Република Македонија на брза трака за членство во ЕУ.