Муцунски: Во Собранието е забрането да се внесе тротинет, а се исплаќаат илјадници евра патни трошоц

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Фејсбук реагира дека во Собранието е забрането да се внесе електричен тротинет, а од друга страна се исплаќаат илјадинци евра за патни трошоци за пратениците.

Тој бара оваа практика да се промени.

„Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата.

Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства.