Муцунски: Во вонредната состојба се носат уредби кои немаат допирна точка со кризата

Во овој период откако беше воспоставена вонредната состојба имавме многу сериозни злоупотреби и насилие во правниот систем со уредбите со законска сила на владата. Носени уредби со законска сила кои што на ниту еден начин, немаат допирна точка со ниту еден аспект на оваа криза, ниту здравствена ниту економска, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски посочи дека таков пример на злоупотреба и уредбата со која ДИК треба да ги продолжи изборите веднаш по завршување на вонредната состојба, која излеува сосема од рамките на Уставот, надвор од рамките на изборниот законик и владата влегува во уредување на едно прашање кое што не е во нејзина надлежност.

„Не знам кои се правните експерти кои ги советуваат, но ако ние на ваков начин лицитираме со правото, сакајќи да користиме сила наместо правно рационално решение тогаш ние сме се вратиле едно 50-60 години назад во правна и политичка култура. Тоа е тема која што треба да ја отвориме и понаму, начинот на кој што се носени уредби со законска силакои што на ниту еден начин, немаат допирна точка со ниту еден аспект на оваа криза, ниту здравсѕвена ниту економска и тоа ќе биде сериозна терма која треба да ја отвори следниот состав на Собранието.“ рече Муцунски
Муцунски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, бидејќи верува во изборната програма која буди просперитет и стабилен развој на оваа земја да ја води низ посигурна траекторија, но треба да се воспостават нормални услови, согласно меѓународните стандарди.

„Ние сакаме ВМРО-ДПМНЕ да предводи влада која што ќе се грижи за малиот, средниот и големиот бизннис, и нема да дозволи ваква ситуација како сега Македонија да биде на врвот во регионот по смртни случаи на милион жители, ни треба помасовно тестирање за да се направи поширока слика, каква е здравствената состојба во нашата земја“ истакнаа Муцунски .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.