Муцунски за В4НА: Разговорите за пристапувањето на Македонија во ЕУ може да започнат за време на мандатот на Трочањи

Номинацијата на Ласло Трочањи за комесар на ЕУ за соседска политика и проширување испраќа позитивна и силна порака до земјите што имаат за цел пристапување во ЕУ, вели за новинската агенција В4НА Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО –ДПМНЕ.

Покрај Македонија, номинацијата за унгарски политичар беше позитивно прифатена и во Србија. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, исто така, ја нарече кандидатурата на Трочањи добра вест.

И Србите и Македонците ја поздравија одлуката на претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да го додели Комесаријатот за европска соседска политика и преговори за проширување на поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трочањи.

Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за агенцијата В4НА вели дека потенцијалното назначување на Ласло Трочањи е стратешки важно за Западен Балкан и особено за Македонија.

„Фактот дека земја од Вишеградската група може да го делегира лидерот на еден од најважните сегменти на Европската комисија е многу значаен за земјите што сакаат да влезат во ЕУ. Ова испраќа позитивна и силна порака дека следната Комисија ќе има вистински планови за Западен Балкан “, рече Тимчо Мучунски.

Тој додава дека Македонија знае дека Унгарија ја смета за стратешки партнер политички, економски и културен.

„Се надеваме дека ќе соработуваме со новиот комесар и веруваме дека разговорите за пристапување може официјално да започнат со Македонија за време на неговиот мандат“, рече Муцунски.

Потенцира дека кандидатот добро го познава Западен Балкан, а неговата партија Фидес е посветена на проширувањето на ЕУ.

„За оваа позиција е избран судски експерт, кој може да ги посочи правните недостатоци на системот. Ние сме задоволни од неговата номинација“, подвлече Тимчо Мучунски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објаснува дека номинацијата на Трочањи е добра вест за целиот регион, бидејќи Унгарија е посветена на нивната интеграција.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, исто така, ја нарече номинацијата на поранешниот унгарски министер за правда добра вест.

Таа смета дека новиот комесар за соседска политика и проширување може да потекнува од земја која е посветена на експанзијата. Брнабиќ за белградската телевизија Прва изјави дека Унгарија е поборник за проширување на ЕУ, особено кога станува збор за Србија.