„Мудис“ го подигна рејтингот на Ирска

Меѓународната кредитна агенција „Мудис“ го подигна кредитниот рејтинг на Ирска од неивестиционен Ба1 на инвестиционен Баа3.

Подигнување на рејтингот следи како признание од излезот на Ирска од програмата за помош на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Еден месец откако Даблин ја врати својата економска независност, „Мудис“ додели и позитивна прогноза за рејтинг, благодарение на потенцијалот за економски раст и подобрите прогнози за јавен долг.