Мухамед Халили е избран за нов претседател на Советот на амбасадори

За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин.

Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски.

Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано онлајн на кое бил усвоен и извештајот за двегодишната работа на оваа организација со која досега раководеше амбасадорот Љупчо Арсовски.

„Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да да информира непосредно во еден простор кој досега не беше соодветно и на ваков начин презентиран“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.