Мухамед меѓу петте најпопуларни имиња за деца во Виена

На официјалниот список со омилени детски имиња во австриската престолнина Виена го нема името Мухамед, но според пишувањето на виенскиот дневен весник Kronen Zeitung во интерента верзија на градските власти којашто не им е доставена на медиумите јасно е дека ова муслиманско име е меѓу најомилените.

Името Мухамед или неговата верзија Мохамад е на петтото место на најчестите детски имиња во главниот град на Австрија.

Портапролот на виенскиот градоначалник рекол дека и двата списока се исправни, како и дека „никој ништо не крие“. Најавил дека ќе бидат воведени и објавени измени.

На официјалната листа на градот Виена, објавена на интерент страницата на градската управа, има повеќе библиски имиња, а нема муслимански, и покрај масовното доселување во Австрија на многу бегалци од арапските и другите муслимански земји.

Весникот Kronen Zeitung пишува дека постои и втор список со многу странски имиња. Така, покрај името Мохамад или Мухамед, се наоѓаат Александар наместо домашната верзија Александер, а во написот се додава и дека од 2014 година наваму Мохамад е меѓу петте најчести имиња за децата во Виена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.