Мухамед Зеќири бара со Блерим Беџети да направат нapко-тecт

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека пратеникот Мухамед Зеќири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај, но и праша дали неговото возило и тој лично е дел од групата за криумчарење на мигранти?

На овие обвинувања преку својот Фејсбук профил Зеќири одговори:

“Доколку би докажал само една од серијата клевети што ги искажал на моја адреса градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети во неговото синоќешно (25.11.2019) гостување на ТВ21, јас Мухамед Зеќири јавно изјавувам дека ќе се повлечам од политичкиот живот и подготвен сум да сносам целосна морална и кривична одговорност!!!
Притоа нема да се повикувам на мојот имунитет кој го уживам како пратеник!!!
Неговите тврдења за моја наводна инволвираност во трговија со мигранти и други изнесени невистини и клевети ќе мора да ги докажува на суд, па макар предметот се паднал кај некој од судиите кои се именувани, или произлегле од тефтерчето на Гордана, Сашо Мијалков, Муса Џафери и лично од Блерим Беџети.
Неслучајно одлучив да не учествувам на синоќешната дебата бидејќи не сакав да легитимирам ниски напади и моето достоинство и ниво не ми дозволуваат да седнам во студио со личност како Блерим Беџети, кого пошироката јавност во земјава многу добро го памети по неговите (не)дела во времето кога беше министер за правда – да не зборувам за неговите морални вредности и однесување додека беше министер, за што постојат непобитни докази.

На крај повторно ќе Ви ги цитирам трите мудри мисли што ги нашишав и при моето образложение зошто решив да не учествувам на дебатата со Блерим Беџети.

Првата е од имамот Али: “Си изгубил уште во моментот кога ќе се обидеш да се докажуваш со игнорантна будала.”
Втората: “Никогаш не дебатирај со будали затоа што гледачите нема да може да разликуваат кој е кој.”
И за крај мислата од Марк Твен: “Никогаш не дебатирај со будали бидејќи ќе те спуштат на нивното ниво и ќе те победат со своето искуство.”

П.С: Го предизвикувам истовремено да се подложиме на нарко-тест и резултатите јавно да ги објавиме, бидејќи многумина негови познаници тврдат дека е нарко-зависник. Ако тоа се потврди, ќе размислам да му простам на суд оти ќе сметам дека не знаел што зборува и дека можеби бил под дејство на наркотици.

Со почит,
Мухамед Зеќири
Потпретседател на СДСМ