Мијалков: Зекири ќе добие тужба, никој од моето обезбедувње не го нападнал

104

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири уште не седнат во пратеничката фотелја заработи тужба за изречени лаги и клевети.

Доцна синоќа низ опозициските медиуми се појави информација и изјава од Зекири дека тој наводно бил нападнат од лица од обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Мијалков преку реакција испратена синоќа до медиумите вели дека изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета.

Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби, вели Мијалков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.