Мухамед Зекири потврди дека Вице Заев се сретнал со Кичеец и со адвокат близок до Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ја обвини валдеачката партија дека имало тајна средба меѓу Зоран Заев, Катица Јанева и Вице Заев, како и адвокатот близок до екс-премиерот и Зоран Милески Кичеец. На ова вечерва регаираше СДСМ. Всушност, прес-конференцијата на Николоски беше резултат на ПИ-мерките изведени пред судот за случајот „Рекет“ и одговорот на претседателот Стево Пендаровски дека средба помеѓу него и Јанева немало, а дека Зоран Заев е оној кој се сретнал со Јанева.

По неполни 24 часата пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 потврди дека навистина се случила средба помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и Зоран Милески -Кичеец,

-Вчерашниот случај со случајот „Рекет“ што го спомена колегата новинар е добар доказ да покажеме дека не сме сите исти. Беа прикажани ПИ-мерки беше споменато дека еден од осомничените за случајот „Рекет“ седел со братот на премиерот и со адвокат близок до премиерот во некое кафуле во Скопје. Зарем тоа не е доволен доказ дека власта не интервенирала, вели Зекири.