Мухиќ се пишмани- сега ќе гласал за уставни измени

Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ кој беше против Договорот од Преспа, на пленарната седница на Собранието на која се расправа за измени на Уставот рече дека кога добро размислил, му се избистрило, па ќе гласа за уставните измени, бидејќи со него идентитетот не може да биде загрозен.

Мухиќ рече дека Договорот е лош и предизвикува горчина, но, подобар договор не може да има.

„Секоја варијанта била сто пати разгледана од наша страна. И ако оваа Влада не го потпишеше, тоа ќе мораше да го направи друга влада, ако сакаме влез во НАТО и во ЕУ. Иако овој Договор е без преседан, бидејќи Македонија е единствена држава принудена да преговара за своето име, овој Договор води кон живот, а не кон смрт“, рече Мухиќ на седницата за уставните измени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.