Мукоски: Функционери на СДСМ намерно и штетат на сопствената држава, за тоа мора да се одговара кривично

Крсто Мукоски на денешната седница на чиј дневен ред се наоѓа ребалансот на Буџетот за 2016 година, опомени дека кривично мора да се одговара за однесување какво што демонстрираше СДСМ во последниот период, со лажните паники за девалвација на денарот и со писмата со закани со кои ја зголеми каматата и ѝ наштети на Македонија со 25 милиони евра.

Во секоја сериозна држава постојат законски прописи и норми со кои што луѓето кои што прават вакви негативни ефекти треба да одговараат кривично. И Ви кажувам дека во Република Македонија мора да се воведат тие закони, бидејќи на крајот трпи државата. Не трпи ниту ВМРО, не трпи ниту СДСМ, трпат граѓаните на Република Македонија и трпи државата. Трпи угледот на Република Македонија. Во конкретниот случај, банкарскиот систем. Во овој случај сега со еврообврзницата и манипулациите и писмата што се пуштаа до странство, трпи рејтингот на оваа држава, рече Мукоски.

„Може да спориме и за еврообврзницата, може да спориме и за вредноста, меѓутоа не да правиме штети на сопствената држава, што за жал се случува во изминатиов период конкретно од функционери од СДСМ“- додаде тој.