Мукоски: Неработниците од СДСМ намерно ги одвраќаат странските инвестиции од Македонија

Од луѓе кои што биле на позиции, финансиски и не оставиле никаков траг во оваа држава во минатиот период, тие сега сеат ветар и магла, тие сега вметнуваат страв кај граѓаните на Република Македонија, вметнуваат несигурност кај бизнис фелата, ги одвраќаат странските директни ивестиции кои што доаѓаат во Република Македонија.

Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, на денешната седница за ребалансот на Буџетот за 2016 година.

Тој апелираше дека политичката битка треба да биде водена до оној момент кога е на штета на државата, потсетувајќи дека со странските инвестиции во земјата влегува свеж капитал и се вработуваат илјадници и илјадници луѓе, нешто што е неопходно за земја како Македонија, во која поради криминалната приватизација во време на СДСМ на улица останаа повеќе од 200.000 граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.