Мула Ахунд ги повика владите во светот официјално да ја признаат администрацијата на талибаните

Привремениот авганистански премиер мула Хасан Ахунд во средата ги повика владите во светот официјално да ја прзнаат администрацијата на радикалното исламистичко движење Талибан и за новинарите рече дека за тоа се исполнети сите услови.

„Ги повикав сите влади, особено од исламските земји, да почнат да нѐ признаваат“, изјавии Ахунд во својот првј голем јавен насапт откако ја презема должноста во септември.

Странските влади се колебаат да ја признаат талибанската администрција во Кабул, која ја презема власта кон средината на ланскиот август по хаоточното повлекување на странските трупи предводени од САД по двете децении војна. Западните држави, исто така, под водство на Вашингтон оттогаш замрзаа капитали на авганситанските банки во милијарди долари и прекинаа да го финансираат обновувањето на земјата разорена во војната по американската инвазија во 2001 година со која беше соборена првата талибанска власт од 1996 година.

Ахунд и другите функционери од талибанската администрација го упатија повикот на прес-конференцијата на којашто присуствуваа и функционери од Обединетите нации за попуштање на ограничувањата за влегување на пари во земајта и рекоа дека економската криза во земјата е последица од замрзнувањето на средствата.

„Краткорочната помош не е решение. Мораме да го најдеме патот темелно да ги решаваме проблемите“, порача мулата Ахунд.

Меѓународната заедница последниот период ја зголеми хуманитарната помош за решавање на итните потреби, главно избегнувајќи ги официјалните канали. Меѓутоа, додека Авганистан се соочувува со голем недостиг од свежи пари во оптек и со користење на државните банкарски сметки и сходно на тоа сѐ полошата состојба на руинираното стопанство, во текот на острата зима уше милиони луѓе западнаа во сиромаштија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.