Мун тврди дека Ким сака наскоро нов самит со Трамп

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун се надева на втор самит со американскиот претседател Доналд Трамп „во скора иднина“, изјави во четвртокот јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин по враќањето во Сеул по тридневната посета на Северна Кореја.

„Претседателот Ким Џонг-ун изрази надеж во одржување на втор самит со претседателот Трамп во скора иднина“, изјавил Мун за новинарите по слетувањето во јужнокорејската престолнина.

Трамп и Ким се сретнаа на историскиот состанок на врвот на 12-ти јуни во Сингапур, кога севернокорејскиот лидер даде ветување за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Меѓутоа потоа Вашингтон и Пјонгјанг се разијдуваат во толкувањето на договореното на самитот и САД се упорни во барањето само Северна Кореја да го изведе од земјата својто нуклеарен арсенал. Северна Кореја ги критикуваше „гангстерските“ методи на Американците, обвинувајќи ги дека сакаат да постигнате нејзино еднострано разоружување без отстапки на секоја поединечна етапа и без попуштење на притисоците и ублажување на санкциите.

Овој процес се најде во ќорсокак сé додека Мун во вторникот не пристигна во Пјонганг на третиот круг од преговорите со Ким од почетокот на годинава. Севернокорејскиот водач во средата се согласи да го затвори полигонот за испитување на ракетни мотори и лансирни рампи во Тонгчанг-ри во присуството на меѓународни стручњаци, Оваа вест ја поздравија САД порачувајќу дека се расположени „веднаш“ да преговара за нуклеарното разоружување на Северна Кореја што треба да заврши за три години.