Мундијалот во Катар во 2022 година ќе се игра во ноември и декември

94

Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, информираше првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино денеска во Москва, каде викендов ќе заврши Мундијалот во Русија.

За разлика од претходните првенства кои традиционално се одигруваат во лето, во јуни и јули кога националните лиги се завршени,мундијалот во Катар ќе се игра на сред сезона и федерациите и конфедерациите веќе се информирани да направат промени во календарите.

Најверојатно ова ќе значи дека лигите и останатите натпреварувања ќе мора порано да стартуваат, но и покасно да завршат. Светското првенство ќе се игра од 21.ноември до 18.декември, но сите репрезентации учеснички ќе имаат уште дваесетина дена за подготовки на репрезентациите. Тоа практично значи дека паузата во националните шампионати во елитните лиги ќе биде и повеќе од 40-тина дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.