Мурињо ја одбил понудата од Дортмунд

Жозе Мурињо ја одбил понудата да го преземе тимот на Борусија Дортмунд, објави новинарот Диего Плаза. Португалецот не бил заинтересиран за преселба во Дортмунд, бидејќи сакал да води клуб што имал многу поголеми амбиции.

„Билд“ пред неколку дена објави дека Мурињо забрзано учел германски и се подготвувал да го замени Лусиен Фавр во Борусија. Челниците на „милионерите“ не биле задоволни од резултатите што ги постигнува Фавр со талентираниот тим што го има на располагање.

Наводно Мурињо имал желба да се врати во Реал Мадрид, каде тренер е Зинедин Зидан. Португалецот со Реал од 2010 до 2013 година освои три трофеи (Ла Лига, Копа дел реј и Суперкупот на Шпанија).

Жозе Мурињо е без работа од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.