Мурињо имаше подобар процент на победи, но Зидан има повеќе трофеи

Жозе Мурињо го водеше Реал Мадрид на 178 натпревари, а и Зинедин Зидан синоќа стигна до истата бројка на клупата на најтрофејниот европски фудбалски клуб, па шпанските медиуми направија споредба на двајцата според успешноста.

Португалецот има повеќе победи, додека Французинот има освоено повеќе трофеи со Реал.

Мурињо како тренер на Реал доби 72 проценти од натпреварите, додека Зидан има 67 отсто успешност.

Но, кога станува збор за трофеите, Мурињо со Реал освои само три титули, и тоа по една во шпанската лига, купот, и суперкупот на Шпанија. Зидан има девет трофеи, од кои три во Лигата на шампионите, и една во првенството. Повеќе титули како тренер на Реал од Зидан има само легендата Мигел Муњоз, со 14. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.