Мурињо му се јавил на Пандев да праша за Шкендија

Мурињо утре е во Скопје! Тотенхем игра со Шкендија во третото квалификациско коло а познатиот стратег има само еден пријател од земјава. Пријател и негов Херој од пред 10 години кога беа заедно во Интер и освоија се што може да се освои. Секако Горан Пандев!

„Да, да… се јави“, изјавил Пандев во телефионскиот разговор со Спортмедиа.мк.

„Прво честиташе за голот. Вика убав гол, секоја чест а потоа одма премина на главното за тоа и што се јави – за Шкеднија“, додава Пандев кој токму по иницијатива на Мурињо во јануари 2010 година од Лацио замина во Интер.

„Му кажав дека Шкендија е организиран тим, клуб кој заслужува респект. Не знаеше дека играат на истиот терен на кој играше со Манчестер Јунајтед пред 3 години. Му реков дека теренот е лош, дека Шкендија е на исто ниво, а можеби и за нијанса подобра од Локомотив Пловдив. Тотенхем сакале да дојдат на денот на натпреварот, но не им дозволиле. Мурињо е фокусиран на играта на тимот и настапите ви Премиер-лигата. Сакаат да бидат во Топ 4, но сакаат и групна фаза во Лигата на Европа. На прашањето кои се најдобрите играчи на Шкендија му кажав Дориев, Ибраими, Алими…“, открива Пандев за Спортмедиа за разговорот со Мурињо во неделата. Добро е кога ќе се тргне со гол, Џенова е посилна од лани.

Разговорот со Пандев го искористивме и за негов став за стартот на новата сезона во Серија А. Негова 17-та во шампионатот на Италија, капитен и веднаш феноменален гол.

„Добро е кога ќе се почне една сезона со победа, со гол… Тоа е одлично за самодовреба пред преостанатите посилни дуели. Џенова сега е посилна од лани. Дојдоа Пјаца, Зајц, Бадељ, Запакоста… Ќе има успет 2-3 добри засилувања. Да не биде како лани да се тресеме до крај за опстанокот во лигата. Мојата цел оваа сезона е да постигнам барем уште 5 гола, да стигнам до магичната бројка од 100 голови во Серија А. Добро е за почеток… Само здравје иако фокусиран сум на Косово и дуелот на 8 октомври во Скопје. Муричи не им игра, тоа е добро но најважни сме ние. Нашите играчи да се здрави и подготвени. Ако биде така не треба да се грижиме“, напомена нашиот капитен, нашиот феномен кој и со 37 години гази на фудбалските терени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.