Мурињо пречекан од илјадници навивачи во Рим

Неколку илјади навивачи на Рома го пречекаа денеска во Рим новиот тренер на италијанската екипа Жозе Мурињо.

Португалскиот тренер дојде во Рим со приватен авион што го управуваше сопственикот на Рома, Дан Фридкин.

Мурињо во мај доби отказ на клупата на премиерлигашот Тотенхем, по што прволигашот од Рим веднаш му понуди тригодишен договор.

Претходно во кариерата 58-годишниот Мурињо ги водеше и екипите на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Тој двапати ја освои Лигата на шампиони, со Порто во сезоната 2003/04, и со Интер во сезоната 2009/10.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.