Мурињо: Роналдо беше заљубен во Бензема

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, смета дека Франција би можела далеку да стигне на Европското првенство поради враќањето на Карим Бензема во екипата.

Одличниот напаѓач на Реал Мадрид после шест години се врати во националниот тим, а Мурињо смета дека Дешамп направил одлична работа со тоа што го повикал.

Жозе истакна дека Карим дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека додека играле во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо бил заљубен во него.