Мурињо стана тренер на Рома

Нов тренер на Рома е Португалецот Жозе Мурињо, објави италијанскиот фудбалски клуб.

Клубот на социјалните медиуми единствено кусо информираше дека Мурињо ќе ја предводи Рома за сезоната 2021/22.

Иако други детали не се познати, сигурно е дека американските сопственици издвоиле голема сума за годишната плата на Мурињо која нема да изнесува помалку од десет милиони евра по сезона, пишуваат италијанските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.