Мурињо суспендиран на еден натпревар во Лига Европа

Менаџерот на англискиот прволигаш Тотенхем, Жозе Мурињо, е суспендиран на еден натпревар во Лига Европа, објави европската фудбалска асоцијација УЕФА во петокот.

Португалецот е казнет бидејќи со задоцнување го извел тимот на теренот за второто полувреме на мечот меѓу Тотенхем и Атнверп на 29-ти октомври во Белгија.

Казнет е, исто така, и Тотенхем со 25.000 евра за доцнењето и уште со 3.000 евра поради кршењето на правилата на УЕФА.

Антверп славше со 1:0 во Белгија, но Тотенхем и натаму е водечки во Групата Ј пред Антверпи и ЛАСК и сите имаат по 6 бодови, благодарејќи на подобрата гол-разлика. Во следното коло Тотенхем го пречекува Лудогорец, а Антверп му гостува на ЛАСК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.