Мурињо со раширени раце го чека Андреа Ранокија

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и фудбалскиот храм „Стемфорд Бриџ” најверојатно ќе биде следната дестинација на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, Андреа Ранокија.

Раководните лица на Интер веќе подолг временски период се во потрага по клуб кој е заинтересиран за услугите на повремениот репрезентативец на Италија, кој пак во изминатите две сезони игра под очекуваното ниво и секогаш е дефиниран како виновник за сите дефанзивни проблеми.
Контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо важи за голем фан на Ранокија, а токму попртугалскиот стручњак ги осигура услугите на централниот дефанзивец во времето кога беше тренер на “нероазурите”.
Најавениот трансфер ќе биде реализиран доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу обештетувањето кое сигурно нема да биде помало од 15 мил. евра.