Малку му беше што е ‘рчнат со Бенитез, сега влезе во конфликт и со неговата сопруга

"Војната" помеѓу двајцата стручњаци започна уште пред 10-тина години, кога беа менаџери на Ливерпул, односно Челзи

Ексцентричниот Португалец постојано влегува во конфронтации со разни ликови во светот на фудбалот, а листата со неговите “вербални непријатели” нема крај.

Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафа Бенитез котира многу високо на оваа листа, бидејќи ова “медиумско препукување” на двајцата трофејни тренери датира од пред 10-тина години, кога двајцата беа менаџери во Премиер лигата.

Очигледно оваа “војна” малку се проширила, бидејќи Мурињо почна да “војува” и со сопругата на Бенитез.

Го расчистуваме хаосот на Мурињо. Ако размислите подобро, секако дека некогаш патиштата ќе ви се вкрстат. Има многу малку клубови од светска класа, изјави вчера Монсерат Сеара.

Нормално Мурињо веднаш врати и тоа во негов стил.

Не се смеам. Бидејќи нејзиниот сопруг беше менаџер на Челзи да го замени Роберто ди Матео, а потоа во Реал Мадрид дојде на местото на Карло Анчелоти. Единствениот клуб каде нејзиниот сопруг ме наследи беше во Интер, каде за шест месеци го уништи најдобриот клуб во Европа во тоа време. А место таа да мисли и зборува за мене, мислам дека дамата треба да го троши времето на нешто друго, како на пример да се грижи за диетата на нејзиниот сопруг, поради што ќе има помалку време да зборува за мене, рече Мурињо алудирајќи на дебелината на Бенитез.

Сагата сигурно ќе продолжи…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.