Мурињо: Акробатски скок во базен на Суарез

Без разлика дали неговиот тим победува или губи, контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо секогаш може да најде причина за плачење или критикување.

Како ретко кога, контроверзниот портуигалски стручњак застана во одбрана на главниот судија, во овој случај, Хауард Веб, кој има голем удел во минималниот триумф на Чезли во превенствената пресметка против екипата на Ливерпул.

Веб прво не го санкционираше ниту со жолт картон бруталниот старт на Самуел Ето врз Џордан Херденсон, а во финишот од натпреварот не досуди чист пенал за Ливерпул, откако Ето без топка го удри напаѓачот на “црвените”, Луис Суарез.

„Апиликуета ја освои топката, а потоа Суарез скокна како да скока во безен со вода. Веб беше на само 10 метри и направи само една грешка, не му покажа жолт картон на Суарез. Чиста глума, како некој да му покаше во грб. Не можам да ја оспорам одличната работа на Брендон Роџерс, кој е најзаслужен за променетото однесување на Суарез. Но во ваквите ситуации на виделина се појавува дивата природа и културата на фудбалерот. Јас го почитувам, ги почитувам неговите квалитети и неговата амбиција да победи на секој натпревар, но знае да претера со провокациите”, изјави трофејниот португалски стручњак.