Мурињо го продава Погба

Тренерот на „Манчестер Јунајтед“, Жозе Мурињо одлучил да го продаде Пол Погба по крајот на сезоната, пишува „Дејли Мејл“. Португалецот одамна не е задоволен од играта на Французинот, кој беше еден од најслабите играчи на „Јунајтед“ на натпреварот против „ВБА“ во неделата, кој го загуби со 0:1 на домашен терен. Дека Погба е на излезна врата од „Јунајтед“ потврди неодамна менаџерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола, кој откри дека Французинот им бил понуден уште во јануари годинава.

За мене постои само еден критериум за избор на играчи, а тоа е какви се тие на теренот. Или барате од мене да гледам кој е поскап, кој колку заработува или кој е поубав? Наредниот викенд не очекува полуфиналето од ФА Купот против „Тотенхем“. Кој против „Борнмаут“ ќе одигра добро, ќе биде во тимот за натпреварот против „Спарс“. Меѓутоа, против ВБА имаше многу играчи за кои нема место во таа екипа, нагласи Мурињо.

За потсетување, Погба се врати во „Манчестер Јунајтед“ во летото 2016 година, во тогаш текорден трансфер од 105 милиони евра од „Јувентус“. Погба остана на клупата или бепше заменет во седум од последните 11 натпревари на „Јунајтед“.
Според „Дејли Мејл“ на трансфер листата се вклучени уште тројца играчи, Ентони Мартиал, Матео Дармиан и Дали Блинд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.