Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Харизматичниот португалски фудбалски стручњак Жозе Мируњо го продолжи договорот со англискиот великан Манчестер Јунајтед до летото 2020 година со можност за продолжување на уште една година, објави клубот во четвртокот.

„Почестен сум и горд што сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Одушевен сум од тоа што во клубот чувствуваат и веруваат дела токму сум јас вистинскиот менаџер за овој голем клуб во догледната иднина. Создаваме услови за брилјантна и успешна иднина на Манчестер Јунајтед. Ги сакам своите играчи и задоволен сум што ќе бидеме заедно барем уште три години“, изјави 54-годишниот Мурињо.

На клупата на „црвените ѓаволи“ Мурињо седна во летото 2016 година, и во првата сезона го освои англискиот Лига куп и Европската лига. Манчестер Јунајтед во моментот е втор на табелата на Премиер лигата со 12 бодови помалку од водечкиот градски ривал Манчестер Сити.