Мурињо го советува Прандели

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, јавно го посоветува Чезаре Прандели дека ќе направи голема грешка ако не ја повелче веќе дадената неотповиклува оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Италија.

“Мислам дека Италија мора да ја продолжи соработката со Чезаре Прандели, мора да почнат од нула. Прандели е идеален селектор за Италија. Ова е еден тежок период за италијанскиот фудбал. Прандели создаде еден победнички тим после срамната елиминација во групната фаза на претходниот Мундијал во Јужна Африка. Италија не помина ништо подобро во 2010 година. Само да потцетам, Италија беше дел од финалниот натпревар на последното ЕП во Украина и Послка. Италија ја освои третата позиција на последниот Куп на Кофедерации. Прандели ќе направи голема грешка ако не ја повлече дадената оставка. Мора да продолжи со напорната работа”, изјави португалскиот стручњак.