Мурињо: Ја одбив Англија поради мојата сопруга

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека поради неговата сопруга, пред неколку години не ја прифатил понудата да биде селектор на фудбалската репрезентација на Англија. 

“Во тоа време, не можев да бидам менаџер на некој друг клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига. Во договор кој го имав со Челзи имаше клаузула дека не можам да бидам менаџер на некој друг клуб во следните две сезони. Можев да бидам селектор на Англија, но не клупски менаџер. Добив подршка од Тери, Кол и Лампард, ме молеа да бидам селектор на Англија. Ми кажаа дека истото го сакаат и фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Сепак, мојата сопруга ми кажа да ја одбијам таа понуда и мислам дека таа одлика се покажа како исправна. Не можев две години да се замарам со некаков дуел против Казахстан или Сан Марино. Мислам дека за 15 години ќе бидам подготвен за таков предизвик”, изјави португалскиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.