Мурињо лут зошто Челзи е дефиниран како дефанзивен тим

Контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо повторно е во центарот на фудбалското внимание но сега поради изјавата дека не му е јасно како некои фудбалски стручњаци го дефинираат Челзи како дефанзивен тим.

„Не знам од каде тие коментари, не знам од каде таков впечаток. Нема да се противам на констатацијата дека Челзи ретко прима погодок и најчесто натпреварот го завршува без примен погодок. Сепак, празната мрежа не значи дека Челзи игра дефанзивно, дека има дефанзивен стил на игра. Тоа значи дека добро се браниме, а мојот тим редовно ја тресе противничката мрежа. Моите тимови имаат рекорд по бројот на постигнати погодоци и во шпанската Примера и во италијанската Серија А. Моите тимови имаат и рекорд по бројот на освоени бодови. Јас сум бил тренер и менаџер на фудбалери кои ја освоиле престижната награда ’Златна копачка’ и биле најдобри голгетери во домашното првенство и во Европа”, изјави португалскиот стручњак.