Мурињо му ја покажа излезната врата на Хуан Мата

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, откри дека нема да му прави никакви проблеми на шпанскиот интернационалец, Хуан Мата, доколку истиот за време на зимскиот преоден рок изрази желба за промена на клупската средина.

“Јас сакам да го задржам, сакам да остане на ’Стемфорд Бриџ’. Не сакам да си замине од Лондон. Ја слушнавте мојата желба. Мојата врата секогаш е отворена, а отворена е и вратата на клупските челници. Ние го чекаме, може да седне и да поразговара со нас. Го чекаме неговиот следен потег. Ако ме прашате: Дали сакам да биде продаден? Јас ќе ви кажам дека не сакам, дека ние не сме виновни за таквиот проблем. Се е во рацете на Мата”, изјави Мурињо.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.