Мурињо не е фан на Лионел Меси

Освен дека очекува голема борба, натпревар во кој ќе одлучуваат нијанси, а ќе победи тој кој ќе има доминација во средината од теренот, најконтроверзниот тренер на денешницата, менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, пред финалниот натпревар на јубилејното 20. Светско првенство, изјави дека Лионел Меси е фантатсичен фудбалер, но не и најдобар фудбалер на сите времиња.
“Меси е фантастичен фудбалер. Не му треба титула на Миндијалот за да биде фантастичен или историски играч на оваа декада. Меѓутоа за мене тој не е најдобар играч на сите времиња”, изјави португалскиот стручњак кој веќе има изјавено дека за него, најдобар фудбалер на сите времиња е легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона.